„Зајакнување на локалните актери во процесот на интеграција на бегалци во Македонија”- постигнати резултати

 „Зајакнување на локалните актери во процесот на интеграција на бегалци во Македонија

 

Проектот започна со имплементација на 1 јануари 2017 година во 3 пилот општини- општина Куманово, општина Бутел и општина Гевгелија.

Постигнатите резултати на проектот се:

  • Изработени се три поединечни проценки за секоја општина за имплементација на Стратегијата за интеграција на бегалците и странците. Проценките се разгледани и подготвени во соработка со општините за време на тркалезните маси организирани со општините и други партнери. Резултатите од проценките се дисеминирани за време на дво-дневен семинар организиран со Министерството за труд и социјална политика, како и со претставници на општините.
  • Организирани се шест ориентациски сесии за 3 локални НВО (ДРОМ Куманово, РЦОР Гевгелија, СОС Детско село) како воведен курс за конвенцијата за бегалци. Околу 16 луѓе беа обучени за време на ориентациските сесии.
  • Организирани се шест ориентациски сесии за истите три НВО за националната легислатива за азил. Околу 16 луѓе беа обучени за време на ориентациските сесии.
  • Oрганизирани се три семинари со тркалезни маси, по една за секоја пилот општина каде што претставници на локалната администрација и на НВОа, како и правници на МЗМП, дискутираа за предизвиците во процесот на интеграција.
  • Формирани се 3 работни групи во секоја општина, 12 луѓе се вработени за подготовка на акциски планови, и како што е планирано во рамките на проектот, акциските планови треба да бидат направени до крајот на август.
  • МЗМП има потпишано меморандуми за соработка со трите пилот општини за имплементација на активностите на проектот и за соработка за идни активности.
  • МЗМП организаше семинар за претставници од МТСП, локалната администрација, како и претставници на НВО-а и МЗМП, каде што беа разменети индивидуални проценки, беа презентирани целите на новата Стратегија за интеграција и беа дискутирани предизвиците и улогата на општините во процесот на интеграција. Семинарот имаше 32 учесници. Беа изготвени заклучоци и препораки, и беа планирани идни активности.
  • Избран е Национален експерт за подготовка на сеопфатна проценка за општините. Проценката ќе биде подготвена на англиски јазик и ќе биде споделена во работилница за валидација која ќе биде организирана како завршен настан во Септември.

МЗМП одржува редовни состаноци со сите партнери на проектот (МТСП, локалната администрација, и локалните НВО) со цел организирање на сите горенаведени активности.

Од 1 јануари до крајот на април оваа година, вкупно 518 бегалци добија поддршка и приближно 84.000 граѓани беа запознаени со активностите на проектот.

Проектот е финансиран од Норвешка амбасада во Белград и Група 484, а спроведен од страна на Македонско здружение на млади правници.