Во Прилеп работилница за општество без дискриминација со акцент на родовата дискриминација

На 07.03 во рамки на проектот „Подигни го гласот за општество без дискриминација“ спроведуван од МЗМП, во просториите на РОМА С.О.С. – Прилеп се одржа работилница на тема „За општество без дискриминација со посебен акцент на родова дискриминација“ на која присуствуваа дваесетина жени од ромска националност.

CaptureТимот на МЗМП им образложи на присутните што претставува дискриминацијата, како да ја препознаат и кои сретства им стојат на располагање за борба против дискриминацијата. Особено внимание се обрна на родот и полот како основи за дискриминација, при што беа презентирани примери за родова дискриминација, со цел присутните полесно да сфатат во кои случаи би биле дискриминирани.

Учесниците споделија голем број ситуации, најчесто од областа на работните односи, но и од областа на јавниот живот, во кои се почувствувале дискриминирани од страна на државните органи, но и од приватни субјекти. Тимот на МЗМП им ги посочи механизмите кои може да се искористат во таквите ситуации со цел да ги остварат своите права кои им се гарантирани во домашните и меѓународните правни акти.  

Прирачникот ИМАТЕ ПРАВА! Кажете не на дискриминацијата! е дел од овој проект и е наменет да ве информира за вашите права за заштита од дискриминација според прописите кои важат во Република Македонија. Прирачникот појаснува што е тоа дискриминација, како да ја препознаете, кога да побарате заштита, каде да побарате заштита од дискриминација и кои правни средства може да ги употребите.