ВОНРЕДНО СОБРАНИЕ НА МЗМП

На ден 15.12.2017 година во хотел Дувет во Скопје, МЗМП одржа Вонредно собрание на кое главна цел беше избор на членови на Управниот одбор на МЗМП. На собранието, по констатирање на оставките на два члена од Упрвниот одбор, присутните членови имаа можност да ги слушнат презентациите на програмите за работа на кандидатите кои ги исполнуваат условите предвидени со Статутот на МЗМП за да бидат членови во Управниот одбор.

По претставувањето на секој кандидат поединечно, следуваше гласање со кворум од 32 гласачи, членови на МЗМП. Покрај досегашните членови: Софија Бојковска и Ирена Здравкова, за нови членови на Управниот одбор на МЗМП беа избрани правниците: Жарко Алексов, Диме Ѓорчевски, Борјанка Тодоровска и Љупка Новеска Андонова.

Клучните идеи кои се опфатени во кандидатурите на новите членови се поголема препознатливост на МЗМП, како и понатамошно унапредување и професионализација на здружението преку повеќе конкретни планови. На ова собрание, исто така, беа избрани и членови на Дисциплинска комисија на здружението, со оглед на тоа што со измените на Статутот на МЗМП, Дисциплинската комисија стана редовно работно тело на здружението.

Им честитаме на новите членови и му посакуваме успешна работа на Управниот одбор, како и успешно справување со сите предизвици во текот на мандатот.