Бесплатна правна помош

МЗМП почнувајќи од 2007 година работи на зголемување на ефикасноста на бесплатната правна помош во Р.М и олеснување на пристапот до правда за сиромашните граѓани и лицата припадници на ранливите категории граѓани.

Активностите во оваа област од 2010 година се спроведуваат во соработка и поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија и опфаќаат:

  1. Обезбедување на претходна правна помош;
  2. Промоција на правото на бесплатна правна помош;
  3. Координација на мрежата на здруженија овластени за давање на претходна правна помош;
  4. Набљудување на примената на Законот за бесплатна правна помош;
  5. Активности за лобирање за поквалитетен Закон за бесплатна правна помош;
  6. Обуки за давателите на бесплатна правна помош;
  7. Достапноста и пристапот до бесплатна правна помош за лицата баратели на азил во Република Македонија